Сега и Вашата насмевка може да биде вака убава!

Влегувате возбудени и збунети во непознат простор... Еден пријатен глас и релаксирачка музика Ве дочекуваат уште од вратата. Ве водат кон удобен стол во кој ќе Ве сместат... Фокусирано светло Ве осветлува...и по малку имате чувство дека Ве хипнотизира, Звуците во позадина....лесно... се губат, И така полека заборавате кој сте, каде сте и зошто сте тука. Размислувате само на тоа колку удобно се чувствувате, и дека сакате удобно да се чувствувате...и ....и...дознавате дека интервенцијата е века завршена...

За нас

ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“ е основана во 2005 година од Д-р Роксана Петковска-Божинова
Истата година има склучено и договор со фондот за здравствено осигурување

Како Ваша Општа Стоматолошка Ординација, предодредедни сме да користиме најнови методи и материјали кои се основа на модерната стоматологија, со цел постигнување на видливи резултати.
Кога Ви нудиме третман ние ги земаме во обзир Вашите желби, Ви објаснуваме кои можности ви стојат на располагање, нивната цена, така да можете да направите избор.

Нашиот тим

Д-р Роксана Петковска-Божинова

Д-р Роксана Петковска-Божинова има завршено Стоматолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година, и од тогаш активно работи во повеќе реномирани Стоматолошки ординации во Струмица.
Во 2005та година ја има основано нејзината сопствена стоматолошка ординација ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“.
Во текот на 24-годишното работно искуство паралелно со работата Д-р Роксана се има усовршувано на бројни домашни и меѓународни обуки за естетска и конзервативна стоматологија, пратејќи ги најсовремените трендови на модерната стоматолошка пракса.
Со внимателен и стрплив пристап према пациентите, им овозможува сигурност и примена на интервенции од област на конзервативна стоматологија, стоматолошка протетика, ендодонција, детска и превентивна стоматологија.

Д-р Ана Петровска

Д-р Ана Петровска има дипломирано на Стоматолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во 2018 година, и притоа е прогласена за студент на генерација 2012/2013.
Во текот на студирањето пратена е на усовршување во Samara State Medical University во Русија.
Во ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“ е вработена во 2022 година, каде работи во сите области од општа стоматологија.
Д-р Ана Петровска редовно учествува на контиунирано стручно усовршување, а посебен интерес и е Ендодонцијата со користење на најсовремени техники за машинска Ендодонција кои ги применува во секојдневната пракса.

Саветка Танева

Саветка Танева е стоматолошка сестра која во ПЗУ „ООС Д-р Роксана Петковска-Божинова“ е вработена во 2012 година и е задолжена за целокупната организација на работата во истата. Таа го има првиот пристап со пациентите во ординацијата и со својата внимателност и љубезен однос уште од самиот старт го намалува нивниот страв. Секогаш е упорна и истрајна во нејзината ангажираност на секое поле во ординацијата.

Рецензии

Контакт

Ул. „Маршал Тито“ бр.113
+38970 331 923

/ 034 346 665